Skip to main content

Во Штип почна фестивалот „Shtip Street Food Festival“

На шеталиштето во Штип денеска почна фестивалот на храна „Штип стрит фуд фестивал“ (Shtip Street Food Festival) на кој сите штандови нудат богат избор на храна од светската кујна, разни пијалаци и вкусни десерти, во атмосфера збогатена со добра музика и позитивна енергија.

Настанот, кој има за цел да го збогати културно-туристичкиот живот во градот, привлече голем број посетители уште во првите часови.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на прес-конференција порача дека е среќен што временските услови дозволија настанот да се реализира според планираното.

Навистина ми е драго што временските прилики ни дозволија  конечно да започне најавениот ивент ,,Shtip Street food Festival“ на шеталиштето „Ванчо Прќе“ каде денеска и утре ќе биде изложена добра храна. Настанот нема да биде единствен, кој ќе ги анимира штипјани, Штипско Културно лето има богата програма, Д фестивалот, Пастрмалијадата како еден добар настан, Макфест, рече Јорданов

Граѓаните велат дека конечно се случува нешто убаво по несаканите настани, нешто што го обединува градот. Фестивалот продолжува и во наредните денови, со музика, нови вкусови и програма што ќе го збогати градскиот живот. 

Поврзани вести