
Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места во Европа.
– Од планински села до оддалечени острови, еве 20 од најубавите дестинации во Европа. Водната површина на Охридското Езеро се протега на границата меѓу Република Македонија и Албанија, и е опкружена со стари села, ридови и плажи. Во текот на последните неколку години, археолозите работеа и на откривање на село старо 8.000 години, поставено на колци, за кое се вели дека е најстарото од ваков вид во Европа, пишува новинарката Lydia Mansel во написот.
Покрај Охрид, на листата се и езерото Комо, Пиенза во Италија, Крф во Грција и други.
Travel and Leisure е познат по препораките за патување и најубавите локации ширум светот. Само на социјалната мрежа Facebook нивните објави стигнуваат до 4,6 милиони следачи.