Skip to main content

Совети на баба Ванѓа за долг живот: Пијте по една-две ракиички дневно, пешачете што повеќе без чевли

Познатата јасновитка баба Ванга имала репепт за долг и здрав живот. Ова се нејзините совети за долговечност.

– Во лето треба да пешачите што повеќе без чевли: контактот со земја е многу важен.

– Дозволете им на децата да си играат во нечистотија, за да можат што почесто да имаат директен контакт со природата.

– Треба често да се капете во вода во која се варени лековити ливадски билки и чаеви. Вака лековитите состојки најдобро се апсорбираат директно преку кожата.

– Јадете варено жито и пијте ја неговата вода еднаш неделно.

– Најдобра е течната храна, со што повеќе вода и природни состојки (супи, чорби со зеленчук). Млечните производи се особено здрави.

– Не треба да внесувате премногу храна: доколку организмот би бил создаден за тоа, ќе имавме два стомаци, а не еден.

– ‘Ржта е многу важна во здравата исхрана. Треба да јадете ‘ржан леб.

– Што помалку месо и маснотии!

– Цигарите и чадот од тутун мора да се избегнуваат!

– Може да пиете една до две чаши ракија на ден пред јадење, за дезинфекција и подобра циркулација.

– Намалете ја потрошувачката на шеќер на минимум.

– Пазете се од стресот.

– Ако сте во можност, работете ја работата што ја сакате.

– Стремете се кон среќен семеен живот.

Поврзани вести