
Следниот неработен ден за сите македонски граѓани е на големиот празник Илинден, на 2 Август, но годинава тој се паѓа во сабота. За православните верници во август е неработен и пранзикот Голема Богородица, кој секоја година се слави на 28 Август, а годинава се паѓа во четврток.
Продолжен викенд сите македонски граѓани ќе имаат дури на Денот на независноста во септември, кој годинава се паѓа во понеделник.
Ни останатите верски заедници или припадници на малцинствата во текот на летото нема неработен ден.
Продолжен викенд до крај на година ќе има и на 8 Декември, а во сабота како неработен ни пропаѓа празникот 11 Октомври.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:
За сите граѓани на Македонија
1 јануари (среда), Нова Година,
7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (четврток), Ден на трудот
24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
2 август (сабота), Ден на Републиката,
8 септември (понеделник), Ден на независноста,
11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
27 јануари (понеделник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
23 мај (петок), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.