
Култното скопско кафуле „Ван Гог“ оваа година одбележува голем јубилеј – 40 години постоење и континуирана работа, оставајќи длабока трага во ноќниот, музичкиот и културниот живот на главниот град.
По тој повод, на 6 јуни (сабота), на улицата Михаил Цоков бр.4, пред Општината Центар со почеток од 12:00 часот на пладне, па се до полноќ ќе се одржи целодневна прослава исполнета со музика, уметност, дружење и богата програма за сите генерации.
Во дневниот дел од програмата, најмладите ќе имаат можност да учествуваат во креативни работилници и цртање на штафелај, инспирирани од најпознатите дела на Винсент Ван Гог, додека вечерниот дел носи настапи на бендови, диџеи и вистинска атмосфера по која „Ван Гог“ е препознатлив со децении.
Четири децении „Ван Гог“ претставува место каде се создаваат пријателства, музички приказни и незаборавни спомени – простор кој генерации скопјани го чувствуваат како свој втор дом.
Програма:
12:00 Oтворање на настанот
12:30 Детски креативни работилници (изложба и мини сликарска работилница за деца во духот на уметноста на Винсент Ван Гог)
14:15 до 17:15 – Дџ Дени
17:15 до 18:15 Дџ Чарли
18.30 до 19:15 Дџ Илија Салса Академија
19:15 до 21 :00 – Дџ Вито
21:20 до 22:30- Дџ Пејчи и Дџ Диксон
22:30 до 00:30 – Breakdown Band

Македонски


