Skip to main content

Маж 20 години ја примал пензијата на почината сопруга

Пиксабеј

Во Австрија драматично е пораснат бројот на социјалните измани.

Во центарот на вниманието се најде еден од најбизарните и најдолготрајни случаи на измама – граѓанин од Босна и Херцеговина кој повеќе од две децении незаконски примал пензија за својата почината сопруга.

Според истрагата, жената починала во 2006 година, но мажот со години ја прикажувал како жива, користејќи фалсификувани документи и потврди за „живот“. На тој начин, секој месец незаконски примал околу 1.500 евра, акумулирајќи штета од приближно 270.000 евра за државата.

Случајот бил откриен дури во 2026 година од страна на работната група SOLBE, која се занимава со откривање на социјални измами, по што била покрената истрага од страна на PVA. По блокирање на сметката, дел од средствата – околу 57.000 евра – биле повратени, но поголемиот дел останал неповратен.

Истрагата открила дека осомничениот користел фалсификувани документи и дури ја злоупотребувал здравствената картичка на починатата сопруга за да ја одржи измамата активна со години.

Иако случајот е целосно документиран, тој нема да има судска разврска, бидејќи осомничениот починал пред да биде изведен пред суд.

Австриските власти предупредуваат дека ваквите случаи стануваат сè почести, а социјалните измами веќе предизвикуваат сериозни финансиски загуби – со проценета штета од над 158 милиони евра откриени од специјалната единица за истраги.

Поврзани вести