Skip to main content

Кажав да: Џорџина го покажа огромниот дијамантски прстен и потврди дека ќе се мажи за Роналдо

Facebook/Georgina Rodriguez

Џорџина Родригез потврди дека ќе се мажи, со објава на социјалната мрежа Инстаграм. Таа објави фотографија од голем дијамантски прстен кој и го подарил Роналдо.

„Кажав ‘да’. И во овој живот и во сите други животи“, напиша таа.

Фотографијата доби над еден милион допаѓања за помалку од половина час.

Тие се запознаа кон крајот на 2016 година. Средбата се случила во продавница на „Гучи“ каде што Џорџина работела како продавачка. Роналдо изјави дека со текот на времето сфатил дека таа е жената на неговиот живот.

Нивната врска стана јавна на почетокот на 2017 година. Тие првпат се појавија заедно на доделувањето на фудбалските награди на ФИФА во јануари истата година.

Парот има две заеднички биолошки деца. Џорџина исто така ги одгледува и трите деца на Роналдо кои тој ги доби преку сурогат мајчинство.