Skip to main content

Едноставна венчаница и бидермаер од момина солза: Се омажи Селена Гомез

Instagram/Selena Gomez

Селена Гомез му кажа „Да“ на својот сакан Бени Бланко, на 27.09. Иако деталите за свадбата ги чуваше во најголема тајност, веднаш ги сподели првите фотографии.

Пејачката и актерка Селена Гомез се омажи со музичарот Бени Бланко по две години врска. Парот направи свадба на тајна локација со околу 300 гости, меѓу кои и Тејлор Свифт и Парис Хилтон, а за забавата, меѓу другите беше задолжен и Снуп Дог.

Иако Селена и Бени се трудеа да ги чуваат во тајност сите детали на свадбата, веднаш по венчавката, Селена на Инстаграм објави неколку свадбени фотографии.

Облечена во бела едноставна венчаница со гол грб, Селена избра бидермаер од момина солза, а Бени носеше класичен црн костум со вратоврска пеперутка.

На фотките, кои имаат скоро 13 милиони лајкови на Инстаграм, таа само го напиша датумот на венчавката.