
Со возење велосипеди, во Кавадарци беа одбележани Европската недела на мобилност што се одржува од 16 до 22 септември, како и Денот без автомобили. Настанот го реализираше Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци, во соработка со основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето” од овој град и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Организиравме возење на велосипед на учениците од шесто одделение под менторство на професорот по физичко образование Македонка Николова, најпрвин на полигон во училиштето, а потоа по кејот на реката. Од наша страна на сите возачи на велосипед им поделивме флаери и брошури и имаше и наградна игра, со цел што повеќе да поттикниме управување на велосипед, за екологија и за здрава и чиста животна средина, посочија од кавадаречкиот Совет.
Оттаму најавија и низа други активности, за зголемување на свеста и безбедноста во сообраќајот.