
Поларни мечки ја „зазеле“ напуштена истражувачка станица на островот Коључин, на далениот исток на Русија, во близина на Алјаска.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое е снимено цело семејство од овие величествени животни кое живее на напуштената територија на станицата веќе неколку години.

Мечките ги користат празните куќи како засолништа од лошото време, а во сончевите денови, може да се видат како се одмараат лежејки на стомак во дворот!
