
Почитувани граѓани, хумани луѓе со големи срца,
Пред вас денес стои една животна приказна исполнета со хуманост, посветеност и љубов кон другите.
Суарет Алишан кој целиот свој живот го посвети на поддршка на децата без родители, лицата со оштетен вид, и сите на кои им беше потребна помош – денес е во борба за сопствениот живот.
Се работи за Суарет Алошан кој никогаш не побара ништо за себе, а секогаш беше тука за другите.
Денес, кога неговото здравје е сериозно загрозено, потребна му е нашата помош.
Му е откриен тумор со непознато потекло. Поради ризик при анестезија, хируршка интервенција моментално не е изводлива, а без точна дијагноза не може да се започне со адекватен третман.
Неопходна е итна анализа – течна биопсија – која може да се направи во акредитирани лаборатории во Швајцарија и Норвешка. Цената за овие анализи изнесува 5.000 евра.
Оваа дијагноза е клучна за утврдување на типот на туморот и одредување на соодветна терапија.
Секоја донација, без разлика на износот, значи чекор поблиску до спасување на еден живот.
Да му дадеме надеж.
Да му помогнеме како што тој помогнал на стотици други.
Можете да донирате на следната сметка:
Моника Томчевска
НЛБ 210501715527208
Во прилог ви доставуваме и кратко видео кое ја раскажува неговата моменталната состојба.