
Девици – наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојдневно прашувајте што мисли, што сака, па заедно креирајте го денот, месецот, животот.
Долго време сте во врска и планирате да се венчате… Или, се запознавте неодамна, но поврзаноста е толку силна што знаете дека сте еден за друг и не треба да чекате за да стапите во брак.
Но, пред да го направите тоа, прочитајте што ги советуваат астролозите сите хороскопски знаци – што треба да знаете пред да го кажете судбоносното „да“.
Овен
За вас е важно да имате трпение. Тоа ќе направи повеќе чуда во вашиот брачен живот отколку што мислите.
Трпението ќе ги намали вашите моменти на импулсивно реагирање и лутина, а тоа е нешто без кое секој брак е подобар.
И запомнете, ставањето на другите пред себе не е знак на слабост, туку сила. А ова ќе го зајакне вашиот брак на долг рок.
Бик
Иако сакате стабилност и понекогаш сте мрзеливи за вас е важно да не заглавувате во рутината.
Продолжете да излегувате со вашиот партнер за да ја одржите таа романса жива, купувајте подароци во случајни денови, организирајте вечера или патување кога не го очекува тоа од вас.
Брачниот живот има низа одговорности за да биде успешен, но тоа не значи дека вашата врска веќе не треба да е приоритет.
Близнаци
За да имате успешен брак, вам ви треба барем малку слобода.
Иако можеби ќе се чувствувате како да сте врзани со партнерот откако ќе кажете „да“, вистината е дека вашата слобода и идентитет ви се важни и неопходни.
Предизвиците со кои ќе се соочите ќе можете да ги решавате сами, но објаснете ѝ на саканата личност дека некогаш ви е потребно самите да направите личен избор, дури и да е погрешен.
Рак
Држете се до она што ве прави тоа што сте и не се менувајте – ако го задржите својот идентитет и бракот ќе ви биде успешен.
Иако бракот е практично вашата потпора, не заборавајте дека треба да останете свои, какви што бевте кога го запознавте партнерот, зашто токму во тој ваш карактер и се вљубил.
Правете ги работите заедно, но најдете барем 30 минути во денот за вас и тоа што вас ве исполнува.
Лав
Пред да преминете во следната фаза од животот, запомнете дека не зависат секогаш сите работи од вас.
Иако сте силни, независни им имате да дадете многу љубов, не дозволувајте таа љубов да се претвори во потреба за контрола.
Научете да се ослободите од вашето его, побарајте помош и дозволете им на другите да ја преземат водечката улога понекогаш.
Девица
Не постои совршен брак, колку и да се обидувате да направите сè за вашиот брак да е таков.
Пред да се венчате почнете да размислувате за тоа што можете да подобрите кај себе за да имате убав брак.
На прво место тоа треба да е вашата вештина за слушање – наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојдневно прашувајте што мисли, што сака, па заедно креирајте го денот.
Вага
Вие поседувате внатрешна магија и квалитети што ве прават прекрасни.
Иако бракот на почетокот ќе направи да се чувствувате како да лебдите на облак, облакот ќе почне да исчезнува по медениот месец, а вие ќе треба да се соочите со реалноста.
А реалноста е дека понекогаш вие треба да сте приоритет, не само партнерот – не заборавајте на себе и работите што вас ве прават среќни ако сакате и бракот да ви е среќен.
Скорпија
Пред да се венчате треба да знаете дека ќе има други луѓе кои ќе ги сакаат вашиот иден сопружник и деца колку што ги сакате и вие.
Затоа, мора да сте свесни дека ќе ви треба огромно трпение уште пред да кажете „да“ и да им давате слобода.
Не заборавајте дека за сите е здраво да поминувате квалитетно време со своите пријатели, а не само едни со други.
Стрелец
За вас бракот е најголемата авантура од сите, а вие сте најчесто возбудени пред почетокот на некое ново поглавје во животот.
Но, бидејќи бракот е повеќе од забава, обидете се да си го гризнете јазикот секогаш кога можете.
Искрениот разговор е секогаш препорачлив начин за решавање на проблемите, но понекогаш треба да премолчите нешто, за доброто на сите.
Јарец
Иако сте познати по тоа колку многу ја сакате вашата работа, сигурно повеќе ја сакате личноста со која треба да се венчате.
Па колку и да сте фокусирани на кариерата, брачниот живот многу практични одговорности, но и време што ќе го одвоите за саканата личност.
Клучно е да поминувате квалитетно време со партнерот, за да не се чувствувате осамени.
Водолија
Научете да бидете пофлексибилни и да правите компромиси – иако за тоа можеби ќе ви требаат и години.
Вие сте бунтовни и се гордеете со тоа што имате став и мислење за сè, но понекогаш – особено во бракот – мора да научите како да спуштите глава.
Ова не значи дека се погазувате самите, туку е доказ дека растете и дека сте спремни да ставите некого на исто рамниште со себе за да имате среќен брак.
Риби
Пронајдете ја убавината во сегашноста – не секој ден во бракот ќе ви биде добар, но пробајте да најдете по нешто добро во секој ден.
Понекогаш ќе ви биде полесно да сакате да избегате кога работите ќе станат тешки, но ако останете и се справите со бурата, вашиот брак ќе биде посилен.