
Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век, не беше само пронаоѓач, туку и неверојатно прецизен визионер.
Уште во првите децении од минатиот век, во своите предавања и интервјуа, Тесла предвиде бројни иновации кои денес го обликуваат нашето секојдневие. Од паметни уреди и масовната комуникација, до безжичен пренос на енергија и општествени промени, неговите идеи продолжуваат да воодушевуваат со својата предвидливост.
Паметни уреди и масовна комуникација
Уште во 1926 година, Тесла зборувал за можноста луѓето да комуницираат преку мали уреди, способни да пренесуваат слики и звук на долги растојанија.
Преку телевизијата и телефонијата, ќе се гледаме и слушаме едни со други совршено како да сме лице в лице, и покрај растојанието од илјадници километри… Човекот ќе може да носи еден во џебот на својот елек“, рекол Тесла во тоа време.
Во време кога комуникациите беа ограничени на телеграфски и телефонски линии, оваа изјава беше неверојатно футуристичка.
Свест за животната средина пред своето време
Во 1935 година, Тесла ја предвиде потребата од институционализирана заштита на животната средина. Тој зборуваше за загадувањето како предизвик што ќе биде незамислив за идните генерации:
„Загадувањето на нашите плажи какво што постои околу Њујорк денес ќе им изгледа незамисливо на нашите деца и внуци, исто како што ни се чини животот без вода за пиење“.
Неговите предвидувања се материјализираа во 1970 година, со основањето на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA).
Знаење надвор од војната
Тесла веруваше дека идните генерации ќе го ценат знаењето и научниот напредок повеќе од воените победи.
Ќе биде пославно да се бориме против незнаењето отколку да умреме на бојното поле. Откривањето на нова научна вистина ќе биде поважно од препирките на дипломатите“, изјавил тој во 1935 година, промовирајќи визија за свет во кој образованието и истражувањето стануваат приоритети.
Подемот на женскиот интелект и новото општество
Едно од неговите најинтригантни предвидувања се однесуваше на општествената улога на жените. Уште во 1926 година, Тесла тврдел дека жените ќе добијат супериорност во образованието и научните достигнувања:
Оваа борба на човечката жена за еднаквост на половите ќе заврши со нов родов поредок, со жената како супериорна“.
НЕГОВИТЕ зборови беа далеку пред своето време и ги наговестуваа промените што почнаа да се случуваат децении подоцна.
Автоматизација и роботи
Тесла беше меѓу првите мислители кои сериозно ја разгледаа можноста за роботи и автоматизација.
Решението за нашите проблеми не е да се уништи, туку да се совлада машината… Безброј активности што сè уште се извршуваат од човечки раце ќе ги извршуваат автомати… Во дваесет и првиот век, роботот ќе го заземе местото на робовската работна сила“, предвидел тој во 1935 година.
Денес, со развојот на вештачката интелигенција и роботиката, тие зборови звучат пророчки.
Летечки машини и глобално разбирање
Тесла, исто така, го предвидел развојот на летачки машини што нема да користат гориво, што би можело да доведе до поголемо меѓународно разбирање и соработка.
Ќе биде политички ефикасно со хармонизирање на меѓународните интереси; ќе создаде разбирање наместо разлики“, изјавил тој во 1926 година, сугерирајќи дека техничките достигнувања би можеле да помогнат во градењето мир.
Безжичен пренос на информации – дигиталниот свет
Додека вестите во негово време доаѓаа исклучиво преку печатот, Тесла замислувал свет во кој информациите се пренесуваат безжично, директно во нашите домови.
Ќе можеме да бидеме сведоци и да слушаме настани – инаугурацијата на претседател, Светската серија, уништувањето од земјотрес или ужасот од битка – исто како да сме присутни“, изјавил тој во 1926 година.
Визија за безжична енергија
Друг аспект на неговата предвидливост бил концептот на безжичен пренос на енергија. Тесла тврдел:
Кога безжичниот пренос на енергија ќе стане комерцијален, транспортот и преносот ќе бидат револуционизирани. Филмовите веќе се пренесуваат безжично на кратки растојанија. Подоцна, растојанието ќе биде неограничено“.
Оваа визија сè уште инспирира истражувања во областа на безжичното полнење и дистрибуцијата на енергија денес.
Читање мисли: границата помеѓу науката и филозофијата
Во 1933 година, Тесла презентираше теорија според која сликите од човечкиот ум можат да се рефлектираат и анализираат:
Предметите што човекот ги замислува би биле јасно рефлектирани на екранот додека се формираат, и на тој начин секоја мисла на поединецот би можела да се прочита. Нашите умови тогаш навистина би биле како отворени книги“.
Иако оваа идеја е сè уште во сферата на футуризмот, модерната невротехнологија веќе истражува слични можности.
Никола Тесла не беше само иноватор, туку и вистински визионер чии погледи за иднината ги обликуваа темелите на денешниот свет. НЕГОВИТЕ зборови продолжуваат да ги инспирираат научниците, инженерите и мислителите низ целата планета, покажувајќи како еден гениј може да гледа далеку пред своето време.

Македонски




