
Според астролошките толкувања, два знака особено се издвојуваат како миленици на судбината – близнаци и лав. Нивната приказна е приказна за оптимизмот, внатрешната сила и неверојатната способност да го извлечат најдоброто од секоја ситуација.
Близнаци – вечно ведар дух кој привлекува среќа
Родените во знакот близнаци поседуваат ретка моќ да останат позитивни и насмеани дури и кога се соочуваат со предизвици. Нивниот ум е брз, духот и љубопитен, а срцето им е отворено за нови искуства и познанства. Знаат да воочат ронка светлина и во најмрачниот ден, па затоа ретко тонат во малодушност и безволност.
Оваа непресушна ведрина и леснотија ги привлекува луѓето – близнаците речиси никогаш не се осамени. Нивната мрежа на пријатели и познаници се шири како бран, а меѓу нив секогаш се наоѓа некој кој ќе им отвори врата кон нови можности.
Астролозите велат дека близнаците се среќници, бидејќи често се наоѓаат на вистинското место во вистинското време, а многу важни работи во животот решаваат побрзо и полесно одошто очекувале. За нив како да не постојат непробојни препреки, само нови врати кои чекаат да се отворат.
Лав – кралски знак кому животот му го дава најдоброто
Лавот, вистински претставник на огнениот елемент, од мали нозе чувствува дека животот треба да биде величествен. Го привлекуваат убави и луксузни амбиенти, квалитетни работи и околина што го инспирира. Но лавот не се издвојува од другите само по желбата за најдоброто, туку и по подготвеноста напорно да работи за да го постигне тоа.
Упорен, храбар и истраен, лавот никогаш не се откажува од своите цели. Можеби патот до успехот понекогаш ќе му биде трновит, но тој не се плаши од борба. Токму затоа меѓу лавовите има многу познати, моќни и реализирани луѓе – судбината го наградува нивниот труд, а среќата ги следи како верен сојузник.
Тие живеат со полни гради и никогаш не забораваат дека животот не е создаден за тага и стагнација. Лавот секогаш ќе најде начин да внесе радост во својот свет, без разлика дали станува збор за мали задоволства или за големи животни подвизи. Неговата енергија привлекува можности, а судбината честопати му испраќа исклучителни шанси токму во моментот кога му се најпотребни.