
Сите понекогаш се лутиме, но начинот на кој го изразуваме бесот кажува многу за нашиот карактер – а ако ги прашате астролозите, и за нашиот хороскопски знак.
Додека некои хороскопски знаци реагираат импулсивно и во моментот се „издувуваат“, други во себе ги таложат емоциите сè додека не дојде до студена експлозија. Секој од нив го изразува бесот на различен начин, но едно им е заедничко: кога ќе пламнат, не е пријатно да се биде во нивна близина.
Овен: Огнена експлозија
Овните се импулсивни, огнени и директни, и своите емоции не ги кријат – ниту добрите, ниту лошите. Кога нешто ќе ги налути, реагираат моментално, често без размислување. Нивниот бес е гласна, кратка експлозија, која доаѓа од стомакот, а не од главата.
Неправдата, чекањето и пасивноста се работи што Овенот не ги толерира. Ако го испровоцирате, ќе вика, ќе фрла работи, а можеби и целосно ќе ве пресече без многу објаснување.
Добрата вест? Исто толку брзо како што ќе пламне – брзо и се смирува. Лошата вест? Додека трае – подобро е да му се тргнете од патот, бидејќи тогаш „гори сè околу него“.
Скорпија: Бес што „врие“
Бесот кај Скорпијата е невидлив, но опасен. За разлика од Овенот, таа нема да вика, нема веднаш да реагира – но ќе го запамети секој момент од вашата навреда до најмал детал. Нејзините емоции не излегуваат брзо на површина, но кога ќе се прелеат, стануваат смртоносно прецизни.
Скорпиите не простуваат лесно. Нивната лутина е студена и одмаздољубива, и доаѓа кога најмалку ја очекувате – точно таму каде што најмногу боли. Нема врева, но има остар поглед, студени реченици и сурова вистина што може емотивно да ве „збрише“.
Јарец: Кога ќе пукне, „тешко на сите“
Јарецот делува смирено, прибрано и рационално – сè додека не ја премине точката на пукање. За разлика од Овенот, кој бесот го исфрла веднаш, Шкорпијата, која внимателно го дозира, Јарецот долго трпи, собира, игнорира… и потоа експлодира.
И тогаш, тоа не е мала драма, туку емотивен земјотрес, бидејќи никој не очекувал дека „студениот“ Јарец ќе изгуби контрола. Неговиот бес доаѓа со авторитет, со тежина и ве остава без зборови.

Македонски


