Skip to main content

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа поради кратењата на персоналот

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа за време на состанок посветен на реорганизација на кабинетот на министрите и намалување на државните трошоци.

Весникот дознава дека конфликтот почнал кога Маск го обвинил Рубио дека „нема отпуштено никого“ од своите потчинети. Во одговор, државниот секретар рекол дека претприемачот лаже и истакнал дека од Стејт департментот веќе биле отпуштени 1.500 вработени. Сепак, Маск не се повлекол и саркастично рекол дека Рубио е „одличен за телевизија“, алудирајќи на неговата неспособност за реални управувачки одлуки.

Дијалогот се одвивал во присуство на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој набљудувал со прекрстени раце, навален на фотељата, пишува весникот. Конфликтот продолжил па Трамп конечно се вмешал и застанал во одбрана на Рубио. Претседателот рекол дека државниот секретар „врши одлична работа“ и дека бил многу зафатен: чести патувања, активни медиумски настапи и обврски во водењето на надворешната политика.

Овој инцидент претставува „пресвртен момент“ по првите турбулентни недели од вториот претседателски мандат на Трамп, нагласува „Њујорк тајмс“.

Прв сериозен знак дека претседателот се спрема да го ограничи влијанието на Маск, чии постапки веќе се предмет на неколку судски процеси и предизвикаа незадоволство кај републиканците.

Според весникот, некои законодавци дури и директно изразиле жалби до претприемачот а пред шефот на Белата куќа.

Ненадејно свиканиот состанок бил сигнал дека претседателот е загрижен од растечкото незадоволство во земјата и дека се обидува да одржи рамнотежа со тоа што им угодил на двете страни, јавно пофалувајќи ги и Маск и членовите на својот кабинет“, коментира Њујорк тајмс.

Сепак, тој јасно стави до знаење дека продолжува да ги поддржува иницијативите на Маск за реорганизација на владата, но повикува на пореалистичен и понеутрален пристап околу ова прашање.

Според аранжманите, министрите кои се назначени од претседателот се одговорни за кратењата на персоналот во кабинетот, додека тимот на Маск има само консултативна улога, откриваат извори за весникот.

Поврзани вести