Skip to main content
Еден месец по историски силниот земјотрес од 8,8 степени

Земјотрес регистриран во близина на Камчатка

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во близина на источниот брег на Камчатка.

Епицентарот на земјотресот бил на 197 километри од Петропавловск-Камчатски во Пацификот на длабочина од 49,6 километри.

На 20 јули Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со интензитет од 8,8 степени според Рихтер. Оттогаш секојдневно има потреси, но се намалува нивниот интензитет. 

Поврзани вести