Skip to main content

Зеленски телефонски разговараше со Трамп за идните состаноци за завршување на војната во Украина

Фото: Facebook / Володимир Зеленський

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Икс објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за утрешните преговори во Женева.

Зеленски додаде дека на разговорот присуствувале и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.

– Разговаравме за прашањата со кои нашите претставници ќе се занимаваат утре во Женева за време на билатералната средба, како и за подготовките за следниот состанок на целосните преговарачки тимови во трилатерален формат на самиот почеток на март, наведе Зеленски.

Тој истакна дека се надева оти трилатерален состанок ќе создаде шанса преговорите да се префрлат на ниво на лидери и дека Трамп го поддржува таквиот распоред.

– Тоа е единствен начин за решавање на сите комплексни и чувствителни прашања и конечно да заврши војната, посочи Зеленски.

Утре во Женева ќе се одржи нова рунда билатерални преговори помеѓу Украина и САД, а се очекува средбата да биде подготовка за следниот трилатерален состанок помеѓу Украина, Русија и САД. 

Поврзани вести