
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија спроведува „систематска активност“ за регрутирање кинески државјани во својата армија за борба против Украина.
Зеленски, кој денеска е во посета на Јужноафриканската Република, на социјалната мрежа Икс напиша дека ова не е изолиран случај, туку дел од поширок план кој се одвива на територија под кинеска јурисдикција.
„Продолжуваме да ги истражуваме сите околности околу вмешаноста на кинеските граѓани во руските окупаторски сили. Службата за безбедност на Украина ги спроведува неопходните процедурални дејствија со заробениците кои неодамна беа заробени во регионот на Доњецк. Во исто време, се испитуваат сите информации за вмешаност на други такви лица во акциите на Русија против Украина.
Кристално е јасно дека не станува збор за изолирани случаи, туку за систематски руски напори, особено на територијата и во јурисдикција на Кина, за регрутирање граѓани на таа земја за војната. Мора да се направи се што е потребно за да се осигура дека Русија нема такви и слични можности за продолжување и проширување на војната“, напиша Зеленски.
Изјавата доаѓа два дена по информацијата дека украинските сили заробиле двајца кинески борци кои се бореле на страната на Русија во источна Украина. Според Зеленски, вкупно шест кинески државјани учествувале во таа битка.
Кинеските власти денеска ја оценија изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пекинг знаел дека Русија регрутира кинески војници да се бодат во Украина како „неодговорна“.
Зеленски пред два дена изјави дека Киев има информација оти 155 кинески државјани и помагаат на Москва во нејзината инвазија. А, еден ден претходно соопшти дека украинската армија заробила двајца кинески војници во Доњецк. Украинскиот претседател тврди дека Кина знаела дека Русија регрутира десетици нејзини државјани. Според него Русија вовлекува и други држави во војната. Вчера украинското разузнавање објави дека најмалку 155 кинески државјани во моментот се борат на страната на руската армија.
Кинеските власти денеска ја оценија изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пекинг знаел дека Русија регрутира кинески војници да се бодат во Украина како „неодговорна“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан денеска истакна дека ги советува „релевантните страни да имаат фер и разумно гледање на улогата на Кина и да не даваат неодговорни изјави“.