
Русија ги пренасочи своите напади од енергетска кон друга цивилна инфраструктура, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање.
– Тие ги намалија нападите врз енергетската инфраструктура. Тоа е факт. Но, сите да обрнеме внимание на фактот дека Русија не го намали вкупниот број на напади. Ова е дел од нивната стратегија … со намалувањето на нападите врз енергетиката, тие сега се насочени кон друга цивилна инфраструктура, рече Зеленски.
Тој не прецизираше конкретни цели, но украинските служби во последните денови регистрираа зголемени напади врз индустриски и транспортни објекти