
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала околу 2.100 дронови со долг дострел за една недела „во обид да ја осакати економијата и да ги уништи животите на луѓето“ во Украина.
Зеленски наведе дека Русија лансирала и околу 1.700 наведувани воздушни бомби и 78 ракети од различни типови.
Што се однесува до масовните руски воздушни напади во текот на изминатата ноќ, Зеленски рече дека цели биле енергетскиот сектор, железницата, претпријатијата и домовите.
Нападите биле насочени кон Одеса и бројни региони во западна Украина, додаде Зеленски, наведувајќи дека руските напади имало и во Волинија, на северозападот на земјата близу полската граница.
– Токму за да се спречи понатамошно ширење на овие напади, врз Европа, украинските мажи и жени секојдневно се борат, по цена на своите животи, и го спречуваат ширењето на агресијата – нагласи украинскиот претседател и додаде дека „рускиот тероризам е заедничка закана за многу земји, но навистина е можно и неопходно да се победи во Украина“.

Македонски

