
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по првпат официјално потврди дека украински воени сили се наоѓаат на територијата на руската Белгородска област. Тој рече дека нивната задача е да ги заштитат украинските гранични градови.
Во своето видео-обраќање, Зеленски изјави дека командантот на украинските вооружени сили, Олександар Сирски, поднел извештај за „фронтот, нашето присуство во Курската област и присуството во Белгородската област“.
Ги продолжуваме активните операции во непријателските гранични области, и тоа е целосно оправдано. Војната мора да се врати таму од каде што потекнува. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја и нашите заедници во Сумската и Харковската област од руските окупатори, порача Зеленски.