
Украинскиот претседател Володимир Зеленски губи контакт со реалноста, во време кога „беснее“ корупцискиот скандал во Украина, ишува „Телеграф“
Како што пишува весникот, како одговор на корупцискиот скандал, Зеленски патува во Европа и склучува „фантастични“ договори за набавка на воена опрема.
Таков е договорот што Зеленски го склуи со францускиот лидер Емнуел Макрон, според кој Киев планира да купи 100 авиони „Рафал“ од Франција, но Украина нема пари за такво нешто.

Киев има буџетска дупка од 60 милијарди долари и разговара за купување авиони. Самиот Зеленски признава дека Украина ќе остане без пари до февруари ако Европа не ги заплени замрзнатите руски средства и ги префрли на сметка на Украина“, пишува весникот.
Според изданието, Киев нема надеж да го врати овој заем, а репарациите од Москва се многу малку веројатни.
Зеленски ја губи поддршката, а лојалните членови на неговата партија почнаа да бараат оставка од Јермак, „десната рака“ на украинскиот ретседател“, додава „Телеграф“.

Македонски








