Skip to main content

Западни медиуми: САД не можат да испорачаат повеќе од 50 „Томахавк“ ракети на Украина

lothar-boris-piltz-on-unsplash

Соединетите Американски Држави можат да испорачаат само 20 до 50 ракети „Томахавк“ на Украина, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на Стејси Петиџон, директорка на одбранбената програма во аналитичкиот центар CNAS.

Според изданието, САД имаат 4.150 вакви ракети, но Вашингтон веројатно ќе испорача само неколку единици на влстите во Киев. Причината е што од 200 ракети купени од 2022 година, повеќе од 120 веќе се потрошени, а буџетот за 2026 година планира да финансира само 57 единици, според поранешниот вработен во Пентагон, Марк Канчијан.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ги нарече разговорите за испорака на ова оружје „демонстрација на мускули“ и дека испораката на „Томахавк“ ракети на Украина би им наштетила на руско-американските односи, бидејќи ракетите не можат да се користат без директно учество на американски војници.

Поврзани вести