
Мажот кој повреди 134 лица откако со автомобил влета во навивачите на Ливерпул, кои ја прославуваа шампионската титула во Премиер лигата, денеска е осуден на затворска казна во траење од 21 година и шест месеци.
Инцидентот се случил на 26 мај во Ливерпул, на прославата по освојувањето на титулата, кога 54-годишниот Пол Дојл со автомобил влета во навивачите.
Дојл се изјасни за виновен во ноември по 31 точка од обвинението, вклучувајќи опасно возење и повеќекратни точки од обвинението за обид или предизвикување тешки телесни повреди и нанесување тешки телесни повреди со намера.

Македонски






