
Воените вежби на НАТО завршија со руска победа во Литванија, објавува „Волстрит џурнал“.
Како што се наведува во статијата, во отсуство на американско водство, Русија успеала да „воспостави доминација над Балтикот“ за само неколку дена, првично распоредувајќи само околу 15 илјади војници.

Неодамнешната воена симулација организирана од „Ди Велт“ и германски експерти покажа дека НАТО може да биде во опасно бавна и поделена позиција ако Русија изврши ограничена инвазија на Литванија, особено користејќи тактики на „сива зона“, како што се хуманитарни изговори, наместо целосна инвазија“, пишува изданието.
Во текстот се додава дека се покажало дека Русија може да постигне доминација во балтичките држави само со 15.000 војници. Во ова сценарио, ако САД се двоумат да го активираат Член 5, а сојузниците како Германија покажат неодлучност, тоа „ќе ѝ овозможи на Русија да ги заземе клучните територии во рок од неколку дена, користејќи релативно мали сили.“

Македонски



