Skip to main content

„Волстрит џурнал“: Тактиката на Зеленски е да реагира на планот на Трамп со формулата „Да, но …“

screenshot

Со поддршка од ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски внимателно составил одговор на мировниот план на на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во суштина се сведува на формулата: „Да, но…“, објавува „Објавува Волстрит џурнал“ (WSJ).

Зеленски е подготвен да одржи избори, но ги врзува за прекин на огнот, на што Русија категорично се спротивставува. Тој ѝ дозволува на Русија да задржи одредено учество во работењето на најголемата нуклеарна централа во Европа, која моментално ја контролира, но управувањето, вели тој, треба да се подели меѓу Украина и САД. Тој, исто така, се согласува да ја ограничи големината на украинската војска – но само на нејзиното сегашно ниво“, пишува весникот.

Изданието забележува дека тактиката „да, но…“ е добро воспоставена стратегија за Зеленски. Тој претходно ја користел во преговорите со САД за украинските минерални ресурси.

Поврзани вести