Skip to main content

Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја, каде што изгореа 78 луѓе

Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, објавија турските медиуми.

Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.

Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на Болу, и Кенан Чоскун, заменик – директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави турскиот весник „Сабах“. 

Поврзани вести