Skip to main content

Во три сириски провинции нема да се одржат парламентарни избори поради „безбедносни причини“

Сириската Изборна комисија соопшти дека претстојните парламентарни избори нема да се одржат во три провинции поради безбедносни причини.

Избори ќе бидат одложени во јужната провинција Сувеида, како и во Хасака и Рака, провинции во североисточна Сирија.

Сувеида е упориште на сириското малцинство друзи, која минатиот месец беше погодена од секташко насилство. Додека Хасака и Рака се под контрола на Сириските демократски сили контролирани од Курдите.

Не е познато кога би биле одржани избори во посочените провинции.

Парламентарните избори во Сирија ќе се одржат од 15 до 20 септември, односно речиси девет месеци по соборувањето на Башар ал Асад.

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара претходно потпиша декрет за привремен изборен систем, според кој тој има овластување да назначи една третина од 210-те членови на Парламентот. Останатите две третини треба да бидат избрани. 

Поврзани вести