Skip to main content

Во Саудиска Арабија ќе се гради проект „Трамп Плаза“ вреден 1 милијарда долари

Дар Глобал го претставува проектот „Трамп Плаза“ вреден 1 милијарда долари во Џеда

Саудискиот инвеститор во недвижности „Дар Глобал“ ги објави плановите за изградба на проект „Трамп Плаза“ вреден 1 милијарда долари, што би требало да се гради во Џеда во Саудиска Арабија.

„Дар Глобал“ соопшти дека тоа ќе биде втор проект со брендот Трамп во кралството, по лансирањето на кулата „Трамп Тауер“ во Џеда минатата година.

Проектот „Џеда Плаза“ ќе вклучува премиум резиденции, станови со услуги, канцелариски простор и ексклузивни градски куќи, заедно со парк инспириран од Централ Парк кој ќе се протега по целата должина на проектот, соопшти „Дар Глобал“.

Поврзани вести