Skip to main content

Во протести ширум Франција повредени шест полицајци, а приведени 119 лица

Во денешните протести низ цела Франција, до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ, објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите.

Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243.000 демонстранти. За време на протестите биле блокирани 92 патишта.

Учесници на протест се собраа и пред Министерството за економија во Париз и кусо и навлегоа во дворот на Министерството, но брзо си заминаа.

Францускиот премиер Себастијан Лекорни рече дека ситуацијата се следи внимателно.

По 14 часот во неколку градови – Париз, Бордо, Нант, поворките со демонстранти започнаа протестна прошетка.

Учесниците носат транспаренти „Макрон ако си шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“, „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“ и многу други.

Весникот „Паризиен“ известува дека центарот на Париз е блокиран.

Во текот на утрото, средните и основните училишта, како и железничките станици и метрото, беа блокирани, но по некое време демонстрантите се повлекоа.

Поврзани вести