Skip to main content

Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин

Freepik

Припадници на Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) уапсија деветнаесетгодишник под сомнение за планирање терористички чин.

Тоа е трето лице против кое се покренати обвиненија во истрагата што ја води Окружното обвинителство Олштин во североисточна Полска, изјави портпаролот на координаторот за специјални служби, Јацек Добжински.

Истражителите утврдија дека сите осомничени собирале информации на интернет за ракување со огнено оружје, позиции за стрелање и спроведување борбени операции на отворени и затворени простори. За целите на обуката, тие посетиле стрелишта и спровеле воено-тактичка обука, објави тој на платформата X.

Поврзани вести