Skip to main content

Во Мексико се одржуваат првите избори за судии

Фрипик

Граѓаните на Мексико денеска првпат гласаат за избор на судии и магистрати. Тие од 7.700 кандидати треба да изберат вкупно 2.600 судии и магистрати, меѓу кои и девет судии во Врховниот суд.

Изборите на судиите се дел од судската реформа, иницирана од претходниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, што ја продолжи неговата наследничка Клаудија Шејнбаум. Според нив, со тоа што граѓаните гласаат за судиите ќе помогне за искоренување на корупцијата во несовршениот судски систем.

Мексико и Боливија се единствените земји во светот што одржуваат судски избори на национално ниво, иако судските избори во американските сојузни држави се вообичаени, како и гласање за локални швајцарски судии.

Поврзани вести