
Високи американски претставници на администрацијата во вторник ќе го информираат американскиот претседател Доналд Трамп за конкретните опции за одговор на протестите во Иран, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски претставници.
Службениците изјавија дека на состанокот ќе се разговара за можните следни чекори, вклучувајќи воени напади, распоредување тајно кибер оружје против иранските воени и цивилни објекти и воведување дополнителни санкции врз иранската влада.
Трамп, кој во последните денови постојано се закануваше дека ќе интервенира во Иран, вчера објави на социјалните медиуми дека САД се подготвени да му помогнат на народот на Иран во нивната борба за слобода.
Протестите започнаа во Техеран на 28 декември минатата година поради падот на вредноста на иранската валута и економските тешкотии во земјата, а оттогаш се проширија во повеќе од 100 градови и места низ сите ирански провинции.

Македонски




