
Велика Британија, на денешниот Самит на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и земјите – членки на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес, најави дека ќе мобилизира средства за борбата против мрежите за илегална имиграција и ризикот од руско мешање во земјите од Западен Балкан.
Шефицата на британската дипломатија Ивет Купер изјави дека Велика Британија ќе мобилизира 10 милиони фунти (11,5 милиони евра) за „иновативни програми“ насочени кон борба против мрежите за илегална имиграција, кои дејствуваат на Балканот.
Таа најави и четири милиони фунти за зајакнување на капацитетите за кибер одбрана на балканските земји од руското мешање.
– Знаеме дека безбедноста на Западен Балкан влијае врз безбедноста на цела Европа и на нашата безбедност овде во Велика Британија, посочи Купер.
Дводневниот министерски состанок што почна синоќа со прием организиран од Купер, се одржува како дел од Берлинскиот процес и подготовка за самитот на лидерите од Западен Балкан во Лондон на 22 октомври, почна синоќа со прием организиран од Купер.
Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива, што почна во 2014 година со цел забрзување на процесот на пристапување на шесторката од Западен Балкан кон Европската унија (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија).