Skip to main content

Вебер: Европа е сама и сега треба да се вооружиме самостојно, време е да се направат првите чекори кон создавање европска армија

Претседателот на политичката сила со најголема група во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер повика на брзи одлуки за формирање независна одбранбена политика за Европа по вербалниот судир меѓу претседателите на САД и Украина – Доналд Трамп и Володимир Зеленски завчера во Белата куќа, јави ДПА.

Ако го погледнете Вашингтон, мора да сфатите една работа: Европа е сама и сега треба да се вооружиме самостојно, рече германскиот политичар во изјава за медиумската група „Функе“ објавена денеска.

Тој посочи дека е време „да се направат првите чекори кон создавање на европска армија“.

Се потроши премногу време. Европските земји треба да се опремуваат со се повеќе воена опрема произведена во Европа. Ако САД веќе не се доверлив пријател и партнер, тогаш се поставува прашањето зошто го купуваме најголемиот дел од нашето оружје од САД. Треба да ја зајакнеме нашата одбранбена индустрија, нагласи Вебер.

Тој посочи дека на специјалниот состанок на земјите од ЕУ за прашањата за поддршката на Украина и за одбраната на Европа, планиран за четврток во Брисел, мора да се донесат тешки одлуки.