Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен одлучи да ги истреби волците од Стариот континент. Поради нејзиниот личен анимозитет кон тоа животно, таа по многу лобирања и притисоци успеа да ги убеди претставниците на земјите членки на ЕУ да го одземат статусот на волците како строго заштитен вид, со што се забранува убивање на овие животни.Така во Европа во иднина ќе биде дозволен лов на волци.
Во 2022 година, шефицата на Европската комисија го загубила своето речиси 30-годишно пони по име Доли по напад на волк. По тој инцидент, фон дер Лајен започна кампања за да се дозволи лов на волци во ЕУ. Таа водеше кампања со сите сили, а во декември 2023 година Европската комисија официјално побара укинување на статусот строго заштитен вид за волците. Тогаш беше проценето дека бројот на волци во земјите-членки на ЕУ се зголемил од 11.193 во 2012 година на 20.300.
Напорите на Фон дер Лејен да дозволи убивање волци европските дипломати ги опишаа како „чудни, бизарни, збунувачки и макотрпни“.