Skip to main content

Книжевно-музички перформанс „Портрети“ со Александар Прокопиев и Бобан Здравковски Андреевски

Книжевно-музички перформанс „Портрети“ со Александар Прокопиев и Бобан Здравковски Андреевски ќе биде организиран вечерва во 20 часот во кафе-барот „Саман“ во Скопје. Настанот е дел од дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан што официјално беше затворен на 15 септември.

„Портрети“ е во издание на „Прозарт медиа“. Прокопиев ќе настапи со пијано и вокал, а Бобан Здравковски Андреевски – на гитара.

Во најновата книга Портрети Александар Прокопиев воплотува две свои пасии – пасијата за пишување и пасијата за пријателство. Собирајќи парченца сеќавања расфрлени по животниот пат со особено внимание кон детаљот, Прокопиев составува прозни целини распоредени во четири групи портрети: Семејни, Од животот + книжевни, Белградски студентски и Меѓу сонот и јавето. Приказните во оваа автобиографија на пријателството настануваат преку сликите извлечени со внатрешната камера на сеќавањето, па можеби токму затоа овие Портрети на најдобар начин ја посочуваат ролјата што ја има љубовта во поврзувањето на луѓето преку заемна наклонетост. Меѓу другото, тие прашуваат и нешто многу важно, како што прашува Лаелиј во разговорот со Фаниј и Скаевола во философската расправа на Кикерон За пријателството: „Има ли нешто послатко од тоа, одошто да имаш некого, со кого ќе се осмелиш да зборуваш, како што зборуваш со самиот себе?“ – пишува проф. д-р Дарин Ангеловски, од Институтот за литература при УКИМ.

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Giriş