Skip to main content

Во сабота ќе се одржи микрофестивалот „Бостание“ кој ќе ги обедини градинарството, уметноста, храната и музиката

Во општествената градина „Бостание“ во Скопје на 19 септември, од 14 до 23 часот, ќе се одржи годинашното издание на микрофестивалот „Бостание“, посветено на темата „Вкоренување“. Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.
Преку темата „Вкоренување“, фестивалот ќе ги истражува поврзаноста на луѓето со почвата, местото во кое живеат, заедницата, споделеното знаење и меѓусебните односи. Градината ќе биде претставена како простор во кој се преплетуваат здруженото градинарство, културата, уметноста, храната и музиката.

Посетителите ќе можат да учествуваат во градинарски и детски работилници, кулинарска работилница и работилница за сито печат. Во програмата е предвидена и театарско-сценска изведба во режија и авторство на Јане Спасиќ, како и групна ликовна изложба.

Во музичкиот дел ќе настапат дуото „Луна и Петар“, Мартин Џорлев, Елена Баклава и џез-квинтетот „Next to Silence“.

Во изложбената и останатата фестивалска програма ќе учествуваат Иван Ивановски, Ивана Мирчевска, Ана Ивановска, Максим Наумовски, Зорица Зафировска, Владимир Лукаш и Јасмина Главинче. Нивните дела ќе бидат поставени во непосреден однос со просторот на градината, отворајќи прашања за поврзаноста на уметноста со природата, местото и заедничкото живеење.

Фестивалот е поддржан преку проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го спроведува „Хартефакт фонд“. Дополнителни информации ќе бидат објавувани на каналите на организацијата „Зелената арка“ и на веб-страницата на градината „Бостание“.

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Giriş