Skip to main content

Пентагон повторно воведува тестирање на нивото на тестостерон за војниците постари од 30 години

Пентагон повторно воведува задолжителна програма за скрининг на тестостерон за американскиот воен персонал постар од 30 години, откако програмата беше привремено суспендирана на почетокот на септември.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека новите упатства, кои стапуваат на сила веднаш, се однесуваат на проблемот со недостаток на тестостерон кај мажите и воспоставуваат униформни процедури за скрининг и третман, објавија британските медиуми.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, кој се залагаше за употреба на тестостерон за подобрување на воената подготвеност, првично го објави задолжителниот скрининг во јули.

Според упатствата објавени во тоа време, жените исто така требаше да бидат скринирани преку прашалник, по што можеа да започнат со третман за состојби поврзани со хормонален дисбаланс.

На почетокот на септември, Пентагон привремено ги повлече своите објавени медицински упатства за скрининг на тестостерон со цел да ги ажурира.

Медицинските експерти предупредија дека несоодветното препишување на тестостерон може да го зголеми ризикот од неплодност кај воениот персонал или да доведе до други здравствени последици. (МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Giriş