Skip to main content

Потенцијалната американска воена база би била во западна Полска, тврди заменик министерката за одбрана

Потенцијална постојана американска воена база во Полска сигурно би била на западот од земјата, изјави денеска заменик министерката за одбрана, Магдалена Собковијак-Чарнецка, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е постигнат напредок кон нејзино воспоставување.

Полска со години бара поголемо присуство на своите сојузници на источното крило на НАТО, а ги интензивираше овие барања откако започна руската инвазија на соседна Украина во 2022 година.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави дека Пентагон е отворен за понудата на Полска за воспоставување постојано воено присуство таму, но дека сè уште не е донесена одлука.

Американските претставници дојдоа во Полска минатата недела за да проценат потенцијални локации за воениот објект, изјавија полски владини претставници. Тие ги посетија Познањ и Повиџ на западот од земјата, изјавија претставници од Канцеларијата за национална безбедност(МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom