Skip to main content

ЕУ воведува дополнителна такса за малите пакети од 1 ноември

Magnific

Советот на ЕУ го усвои предлогот за Регулативата за царинскиот законик на Унијата, со која се воведува дополнителна такса за ракување со мали пакети, а таа се применува од 1 ноември. Износот на новата такса сè уште не е утврден од Европската комисија, но Хрватската занаетчиска комора предупредува дека таа ќе се плаќа со привремена давачка од три евра за пратки во вредност помала од 150 евра, која ќе стапи на сила на 1 јули 2026 година. Товарот се префрла од крајниот потрошувач на платформи надвор од ЕУ.

Советот на ЕУ го усвои предлогот за Регулативата за царинскиот законик на Унијата и царинскиот орган на ЕУ, со која се воведува дополнителна такса за ракување со мали пакети на ниво на целата Унија. Според информациите од Хрватската занаетчиска комора, новата такса ќе се плаќа покрај привремената царинска давачка од три евра за пратки во вредност помала од 150 евра, која се применува од 1 јули 2026 година. Износот на новата такса сè уште не е утврден од Европската комисија.

Што се менува за потрошувачите?

Досега, купувачите од ЕУ кои нарачуваа производи од платформи како Тему и Шеин честопати избегнуваа царински давачки за пратки со пониска вредност. Според новите правила, платформите за е-трговија надвор од ЕУ ќе мора да ја платат царината што претходно ја плаќаше крајниот потрошувач. Хрватската занаетчиска комора наведува дека новата такса ќе се плаќа покрај споменатата привремена царина, што значи дополнителен трошок за секоја пратка.

Дополнително, планирано е формирање на Центар за царински податоци на ЕУ со седиште во Лил, кој ќе започне со работа во 2027 година. Овој центар треба да ги олесни царинските постапки и да овозможи подобра контрола врз пратките од трети земји.

Реформата на царинскиот систем на ЕУ доаѓа во време кога сè повеќе граѓани нарачуваат стока од надвор од Унијата, а земјите-членки бараат начин да го заштитат домашниот пазар и да ги наплатат поврзаните такси. Советот на ЕУ истакнува дека целта е да се воспостави унифицирана рамка за царински постапки, додека Европската комисија треба да го утврди конечниот износ на таксата пред нејзината примена.(МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom