
Украинските залихи на гас се на најниско ниво во последните 12 години, според податоците објавени денес од независната аналитичка агенција Експро.Според извештаите, Украина моментално има само 10 милијарди кубни метри гас во складиште, што значи дека искористеноста на капацитетите е само 32,3 проценти.Во споредба со минатата година, моменталните залихи се за девет проценти помалку.Министерството за енергетика на Украина претходно објави дека за безбедно снабдување во текот на грејната сезона 2025/26 година се потребни најмалку 13 милијарди кубни метри гас, пренесува Ројтерс.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно ја обвини Русија за намерно саботирање на подготовките за зимата, откако руски напад погоди гасен погон во регионот Одеса.Тој интерконектор се користи за испорака на гас од Соединетите Американски Држави и Азербејџан преку Бугарија и Романија, и засега не е познато како овој напад ќе влијае на понатамошниот увоз и складирање.Министерството за енергетика на Украина проценува дека во текот на претстојната зимска грејна сезона ќе биде неопходен дополнителен увоз од најмалку 4,6 милијарди кубни метри гас.