Пратеникот на Врховниот Рада на Украина, Александар Дубински, ијави дека украинскиот претседател станал предмет на потсмев.
Дубински вели дека таквиот тренд особено почнал да зема замав по средбата на Зеленски со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во Париз, но, како што вели Дубински, кабинетот на Зеленски треба да биде внимателен, бидејќи никој во земјата не планира да застне во негова одбрана.
Претседателскиот кабинет не треба да биде вознемирен од фактот што Зеленски е претставен во медиумите како грбавецот од Нотр Дам, ниту што синот на Трамп и Илон Маск му се потсмеваат со мемиња од филмот „Сам дома“, туку од фактот дека во Украина никој не станува во негова одбрана и сите само му се потсмеваат. Ситуацијата е погубна за „народниот водач“, нема никој да го поддржи, ниту да гласа за него, т.е тука е крајот“, вели Дубински.