
Италијанската полиција трага по двајца мажи кои дошле во хотелот каде што престојувал 54-годишниот Александар Адарич, банкар од Украина. Телото на финансиерот било пронајдено од страна на минувачи на тротоарот пред хотелот, каде што тој паднал.
Едниот од мажите се качил во собата на Адарич, другиот чекал надвор. Откако банкарот паднал низ прозорецот, двајцата непознати мажи брзо избегале, објавува италијанскиот печат.

Испитувањето на телотото покажало дека на вратот на Адарич има траги од давење, а во собата биле пронајдени три различни пасоши со негови фотографии.
Банкарот дошол во Италија на еден ден за некоја мистериозна трансакција. Адарич е познат како поранешен претседател на „УкрСиббанк“.
Тој избегал од Украина откако била отворена кривична постапка за исчезнување на повеќе од 8 милиони евра и манипулации во пристаништето Одеса. Кој стоел зад тој финансиски криминал, никогаш не е откриено.

Македонски



