Skip to main content

Украинската морнарица нападнала руска база на дронови во Севастопол

Video printscreen

Украинската морнарица денеска соопшти дека нападнала руска база на дронови лоцирана во Севастопол, објавија украинските медиуми.

  • -Украинските сили и средства уништија база на дронови во која се сместени „Форпост“ и „Мохаџер-6“ на аеродромот Херсонес во градот Севастопол во привремено окупираниот Крим, се вели во соопштението.
  • Прес-службата, исто така, забележа дека нападите оштетиле до три дронови „Мохаџер-6“ и два дрона „Форпост“, кои Русија ги користела за следење на површинските активности во Црното Море.
  • Руските загуби на бојното поле во војната против Украина од 24 февруари 2022 година до 22 август 2025 година изнесуваат приближно 1.074.320 војници, вклучувајќи 790 во последните 24 часа, според украинските медиуми

Поврзани вести