Украинците многу повеќе му веруваат на поранешниот началник на икраинскиот генералшатб и сегашен украински амбсадор во Велика Британија, Валериј алужну, отколку на претседателот, Володимир Зеленски.
Дури 30% повеќе од Украинците му веруваат на Залужни отколку на Зеленски, пренесуваат медиумите повикувајќи се на истражување на „Социс“.
На овој или оној начин, на поранешниот врховен командант му веруваат 71,6 отсто од испитаниците, додека на Зеленски 40,8 отсто.
Во исто време, повеќе од двојно повеќе испитаници јасно му веруваат на Залужни – 34,9 наспроти 16,2 проценти за Зеленски.
Зеленски во рејтингот на доверба е надминат и од шефот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов, чија вкупна бројка е 46,7%.
Севкупно, 18,9% му веруваат на поранешниот претседател Петро Порошенко. Во исто време, неговиот рејтинг на неодобрување е над 50%. Според овој индикатор, пред него е само Јулија Тимошенко со анти-рејтинг од над 60 отсто.