Skip to main content

Украина размислува да испрати делегација во Истанбул за да го слушне ставот на Русија

Украина ја разгледува можноста да испрати своја делегација на претстојните разговори со Русија во Истанбул, со цел да го слушне ставот на руската страна и да процени дали нивната делегација е овластена да донесува какви било одлуки, изјави денес украински дипломатски извор.

Изворот, кој зборуваше под услов на анонимност, изјави дека украинската страна би можела да учествува во разговорите доколку руската делегација покаже подготвеност за „сериозен дијалог“, јавија британските медиуми.

-Но, ако руската делегација не покаже никаков сериозен пристап кон преговорите, ќе имаме право да заклучиме дека тоа е руска фарса, а не сериозна работа за мир, рече изворот

Поврзани вести