
Украинските ученици ќе учат управување со ударни и камиказе дронови од најмлада возраст, соопшти Министерството за образование на Украина.
Овој проект ќе се спроведува како дел од предметот „Одбрана на Украина“, кој се воведува од новата учебна година.
Меѓу новата опрема за обука во училиштата ќе бидат симулатори со компјутери, дронови за вежбање, радио станици, таблети и друга мултимедијална опрема.
Како што соопштија од министерството, курсот ќе им овозможи на учениците да се „подготват за употреба на модерни технологии во безбедносниот сектор“.