
Турција утре ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар за да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот во услови на конфликт на Блискиот Исток, објави „Сајпрус меил“, повикувајќи се на вршителот на должноста директор на воздухопловните власти на кипарските Турци, Аксин Месели, пренесе МИА.
Првично се очекуваше Турција да испрати четири борбени авиони Ф-16 на Кипар, кои ќе бидат стационирани на аеродромот Ерџан во турскиот дел на островот.
Месели изјави дека бројот на борбени авиони е зголемен на шест и оти се очекува да пристигнат во понеделник раните утрински часови.
Нивното распоредување доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран и откако Кипар беше погоден од ирански беспилотни летала лансирани од Либан.

Македонски

